Првични резултати од истрагата: Најмалку 22 лица загинаа во експлозијата во Хавана (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 22 лица загинаа во силна експлозија во хотелот Саратога во центарот на Хавана, а повеќе од 70 лица се повредени, јави кубанската државна телевизија.

Кубанските власти соопштија дека првите резултати од истрагата покажуваат дека причина за вчерашната експлозија е протекување на гас.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел во телевизиско обраќање од местото на настанот изјави дека сè укажува дека експлозијата била несреќен случај.

Тој истакна дека експлозијата не била предизвикана од бомба и дека нема индиции дека се работи за терористички напад, а по враќањето од местото на експлозијата и кратка посета на две болници каде се лекуваат повредените, инцидентот го нарекол „жална несреќа“.

Вчерашната експлозија се случила во близина на училиште со повеќе од 300 ученици, соопштија здравствените власти, а во неа се повредени најмалку 15 деца, соопшти Министерството за здравство, додека едно дете починало.

Слични содржини