Чувствуваме дека постојат промени, но јас ќе повторам дека се се движи многу бавно. Улогата на ДКСК е превентивна, да ги согледува системските слабости и да дава укажувања и преопарики, изјави во Утрински брифинг, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.
-Борбата против корупцијата е многу тешка и голема борба во која треба да се вклучат сите страни, така што сите активности треба да одат во иста насока, односно кон расчистување со корупцијата. Многу сум задоволна од расправата во Комисиите во Собранието. Присуствувавме на една многу конструктивна расправа. Имаше забелешки, но сите беа согласни со утврдените состојби во Стратегијата и со мерките и активностите кои се предложени. Стратегијата се правеше на транспарентен начин, состојбите се детектирани и тоа е она што ја прави Стратегијата прифатлива од самите институции, вели Ивановска.
Таа вели дека до сега ДКСК имаме дадено многу препораки, но многу малку е постапено по истите.
-19 Закони се истражени, откриени се ранливите точки но не е променет ниту еден Закон. За да се надминат овие состојби треба да се сврти и вториот дел од стратегијата, а тоа е акцискиот план каде што се предвидени активностите за надминување на овие состојби, вели Ивановска.