Првиот хирург кој пресадил црн дроб почина на 90 во САД

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Американскиот хирург Томас Старзел кој изврши за првпат хепатална трансплантација, почина непосредно пред да наполни 91 година, соопшти сајтот на Питсбурскиот универзитет, цитиран од агенциите. Старзел е роден на 11 март 1926 година во малото гратче Марс во средниот запад – во Ајова. Како млад сонува да стане свештеник, но откако неговата мајка умира од рак на дојка, решава да го посвети својот живот на медицината.

Во 60-тите години на XX век остварува неколку научни откритија, па за првпат пресадува црн дроб на човек. Првата трансплантација е извршена во 1963 година. Токму Старзел ги формулира основните принципи на трансплантологијата врз кои овој сектор од медицината се базира и во денешно време.

Во последните 35 години тој работи на Универзитетот во Питсбург, Пенсилванија. Во 2012 година Старзел ја добива премијата Ласкер – американска награда во областа на медицинските науки, која ја нарекуваат аналог на Нобеловата награда.

Тој има и голем број на други награди, меѓу кои Националниот научен медал на САД, Медалот Џон Скот. Во чест на легендарниот доктор е наречена улица во градот Питсбург.

Старзел се жени двапати и има четири деца.