Првиот контингент вакцини, донација од Србија, пристигна во Црна Гора

од Берта Китинска
121 прегледи

Првиот контингент вакцини, донација од Србија, пристигна вечерва во Црна Гора.

Премиерката Ана Брнабиќ исто така пристигна во Подгорица и на аеродромот беше пречекана од премиерот Здравко Кривокапиќ и министерот за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ.

Вечерва беа обезбедени 2.000 дози на руската вакцина Спутник V, кои беа дадени во договор со Србија, а во наредните денови се очекуваат уште 2.000 дози, односно ревакцинација.

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека солидарноста е најважната работа во овие времиња и дека тие се подготвени да донираат повеќе вакцини, доколку е потребно.

„Со овој гест сакаме да отвориме ново поглавје и да ги подигнеме односите на највисоко можно ниво и тоа да биде врска меѓу браќа и сестри и најдобри пријатели“, рече таа.

Брнабиќ, исто така, рече дека и се восхитува на Црна Гора што се бори против епидемијата, бидејќи забележува дека голем број луѓе се тестираат и дека ова е вистинскиот вид на борба се додека не пристигнат вакцините.

Таа додаде дека овие вакцини биле обезбедени врз основа на лични контакти меѓу претседателите Александар Вучиќ и Владимир Путин.

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кртивокапиќ, се заблагодари на државата Србија за донирање вакцини кои треба да го заштитат населението.

“Здравје пред се, и солидарност пред се. Можам само да кажам дека граѓаните на Црна Гора долго чекаа на вакцината, а вечерва пристигна 74-от ден од формирањето на Владата”, рече Кривокапиќ.

Слични содржини