На саемот за воздухопловство Авалон во Австралија, компанијата Пегасус го претстави својот концепт на првиот полициски летечки автомобил.
Австралиската старт-ап компанија основана пред десет години е специјализирана за производство на комерцијално исплатливи летечки автомобили за владата и полицијата, а нивниот нов проект може да вози на патишта, но и да лета како хеликоптер, пишува „Јутарњи“.
Иако Австралијците не ја објавија цената или конкретните информации за возењето, познато е дека Пегасус ќе има досег од 100 километри на електрична енергија и дека ќе може да помине до три часа во воздух (досег од 420 километри).
Како функционира летечкиот полициски автомобил во пракса погледнете во видеото.
https://www.youtube.com/watch?v=YRdCRQqAzXA