ПРВИОТ ПОТЕГ НА АМОРИМ: Еве на кого се насочи новиот тренер на Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Според угледниот „Екип“, првата аквизиција на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим би можел да биде напаѓачот на Челси, Кристофер Енкунку.

На „црвените ѓаволи“ им треба засилување во нападот и се чини дека Аморим го најде во редовите на ривалите од Лондон. Енкунку минатата сезона дојде во Челси, но веднаш се повреди, па минатата сезона немаше некоја голема улога. За негова жал, оваа сезона не е поинаква.

Новиот тренер на „сините“ Енцо Мареска го преферира триото Нони Мадуек, Кол Палмер и Николас Џексон во нападот, па Французинот е претежно опција од клупата. Енкунку оваа сезона постигна десет гола во сите натпреварувања.

Аморим би можел да ја искористи оваа ситуација, Манчестер е еден од најслабите напаѓачки тимови, моментално само три премиерлигаши имаат гол помалку од нив.

Тие имаат очајна потреба од засилување во нападот, некој кој дополнително би можел да ги „растерети“ неефикасните Расмус Хојлунд, Маркус Рашфорд и Џошуа Зиркзе.

Аморим во Енкунку го гледа вистинското решение, а португалскиот стручњак се надева дека 26-годишниот офанзивец ќе ја врати формата од Р.Б. Лајпциг.

Со добрите игри, го натера Челси да го купи за 60.000.000 евра, но тој трансфер очигледно не вроди со плод, па Енкунку и Манчестер Јунајтед би можеле да бидат совршен пар.

Слични содржини