Републиканскиот претставник во Конгресот на САД, Џон Катко, ќе биде првиот член на таа партија што ќе гласа за отповикување на претседателот Доналд Трамп.
Според Ројтерс, Катко, ако им се придружи на демократите во обид да се изгласа импичмент, ќе биде првиот републиканец што ќе ја поддржи идејата. Катко ја потврдил оваа одлука, објави информативниот сајт „siracuse.com“.
Пред гласањето, 58-годишниот конгресмен рече дека одбивањето на Трамп да се декларира како одговорен за она што се случи минатата недела во Капитол „ќе биде директна закана за иднината на демократијата“, пренесува „Индипендент“.
„Од таа причина, не можам да седнам и да не правам ништо. Ќе гласам за импичмент“ – рече тој.
— Rep. John Katko (@RepJohnKatko) January 12, 2021
И лидерот на мнозинството во Сенатот, републиканецот Мич Мекконел, смета дека Трамп извршил злодело.
Да потсетиме, Демократите во Претставничкиот дом планираат да гласаат во среда за отповикување на актуелниот претседател по втор патво една година.
Претседателот се соочува со обвиненија за „поттикнување насилство против државата“. Мекконел, според некои наводи, наводно го обвинува Трамп за тоа што републиканците го изгубиле мнозинството во Сенатот. Според Си-Ен-Ен, Мекконел наводно верува дека отповикувањето на Трамп би го навело да ја напушти Републиканската партија.