Првиот смартфон со дисплеј на преклопување на Huawei ќе има 8-инчен екран

од Vlatko K
89 прегледи

Дизајнот на модерните паметни телефони не се промени значително во текот на изминатите
неколку години. Сепак, внесувањето на првите уреди со дисплеи на преклопување ќе постави нова
ера во нивниот развој. Ова повеќе не е футуристички концепт, бидејќи овој дизајн ќе стане
реалност во наредната година. Samsung веќе ги демонстрираше можностите на својот прв
прототип. Huawei е другата компанија која е најзаинтересирана за оваа иновација.

Кинескиот производител планира да го претстави својот паметен телефон со екран на
преклопување на пазарот следната година. Излезе дека Huawei веќе работи на сличен уред, па
дури и врши тестови на мрежите на неколку мобилни оператори. Интересен факт е дека телекомите
се во Јужна Кореја, а не во матичната земја на компанијата, известува „ЕТЊуз“. Колку чудно и да
звучи, изборот не е случаен, бидејќи тоа ќе биде првата земја што ќе има функционална 5G мрежа.

Ако се оди според планот, потребната инфраструктура ќе биде изградена до крајот на првата
половина на 2019 година. Затоа Huawei сака да започне да го продава својот уред прво во Јужна
Кореја, а потоа и во други земји. Компанијата, најверојатно, ќе го покаже својот флексибилен
паметен телефон за прв пат во MWC 2019 на крајот од февруари, а продажбата ќе започне помеѓу
април и јуни. На крајот ќе истакнеме дека уредот на Huawei ќе има дисплеј од 8-инчи и ќе биде
поголем од конкурентот на Samsung од 7,3 инчи.