Првиот смртен случај од Ковид-19 во Европа бил во Србија, а не во Франција

од Nikola Popovski
268 прегледи

Првиот смртен случај со Ковид-19 во Европа беше во Србија, а не во Франција, велат српски научници, пренесува Ројтерс. Ова се случило десет дена пред првиот официјално регистриран смртоносен исход поради вирусот, односно на 15 февруари 2020 година во болница во Париз. Сепак, новите откритија покажуваат дека маж со симптоми налик на Ковид бил примен и починал во болница во српскиот главен град.

Според српските научници, 56-годишен градежен работник од Белград, кој не патувал во странство, бил примен во болница на 5-ти февруари минатата година. Неговите симптоми биле треска, кашлица и отежнато дишење. Тој почина неколку часа откако бил примен во болница, а аутопсијата покажала пневмонија. Месеци подоцна, научниците од Институтот за судска медицина во Белград пронајдоа докази дека причината за смртта е Ковид-19.

Франција го објави првиот случај на вирус во Европа на 24 јануари минатата година, а првата смрт на Стариот континент беше на 15 февруари, кога 80-годишен турист од Кина почина во болницата Биша во Париз.

Слични содржини