Првиот вицепремиер Груби оствари средба со амбасадорот на Косово Дедај

276 прегледи

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби одржа работен состанок со амбасадорот на Република Косово, г. Ѓерѓ Дедај.

Груби со амбасадорот Дедај за време на овој состанок разговараа за актуелните теми во земјата и за важни настани што се во интерес на Република Северна Македонија и Република Косово.

Груби во оваа пригода ја истакна својата надеж дека во Република Косово на 14 февруари ќе се одржат слободни и демократски избори и со оваа избор на институции во Косово што е можно поскоро со цел да се продолжи процесот на одржување на меѓу владината седница.

Двајцата соговорници разговараа и за процесот на поранешните лидери на Република Косово, кои во моментов се во Хаг. Се надевам дека ќе се вратат со чист образ и дека правдата ќе надвладее и ќе излезе на виделина.

Со амбасадорот на Косово разговаравме и за европската интеграција на Република Северна Македонија, но и за отвореното прашање со Бугарија.

Груби и Дедај се согласија дека процесот на попис во земјата е процес што треба да се спроведе бидејќи последниот беше спроведен во 2002 година. Груби му рече на амбасадорот Дедај дека пописот на населението му е потребен на Република Северна Македонија со цел да се спроведат еднакви и фер политики.

Aмбасадорот Дедај му се заблагодари на првиот вицепремиер, г. Груби за меѓу владината соработка и заемната поддршка на институциите на Северна Македонија и Косово, но и за одржувањето на одличните односи меѓу нашите две земји, во сите области и во однос на заедничката европска перспектива.

Соговорниците, г. Груби и г. Дедај разменија мислења и за други политички теми во земјата и во регионот.

Слични содржини