Првите симптоми на Ковид-19 кои можат да бидат фатални

од Nikola Popovski
209 прегледи

Ненадејниот замор во комбинација со ненадеен пад на нивото на тромбоцити во крвта е исто така симптом на Ковид-19 во почетната фаза, додека покачената температура и отежнатото дишење се развиваат подоцна, велат експертите. Тие исто така забележуваат дека игнорирањето на овие симптоми може да биде фатално.

Имено, според експертите, игнорирањето на овие првични симптоми може да има фатален исход, пренесува „Business Insider“.

„Кај секоја вирусна инфекција, бројот на тромбоцити се намалува. Затоа, заморот и исцрпеноста не треба да се занемарат. Тестирајте се за коронавирус“, вели професорот Сантош Кумар од Одделот за респираторна медицина, КСМУ.

Веќе познатите симптоми на коронавирус се слични на грипот, а меѓу новите симптоми, лекарите вклучуваат дијареја, црвени очи, осип и замор.

Медицински експерти од индискиот град Лакнау велат дека имало над десетина случаи кога пациентите доживеале екстремен замор, но не се консултирале со лекарите. Кога нивната состојба се влошила, тестот на крвта покажал драстичен пад на нивото на тромбоцити. Потоа, кај пациентите се развил проблем со дишењето и тоа доведува до фатален исход без користење на кислород, се наведува.

Слични содржини