Првите зборови на Клоп по новиот ангажман

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Германскиот тренер Јирген Клоп изјави дека сака да го развива, усовршува и поддржува фудбалскиот талент кој го има Ред Бул.

Истиот ден, Клоп беше назначен за директор на Ред Бул за глобален фудбал.

– Можеби мојата улога се промени, но мојата страст за фудбалот и луѓето кои ја прават играта не. Со приклучувањето кон Ред Бул на глобално ниво, сакам да го развивам, усовршувам и поддржувам неверојатниот фудбалски талент што го имаме на располагање. Има многу начини на кои можеме да го направиме ова користејќи го елитното знаење и искуство што ги има Ред Бул со учење од други спортови и други индустрии – рече Клоп, а пренесува официјалната веб-страница на Ред Бул.

Германскиот тренер изјави дека ја гледа својата улога како ментор на тренерите и раководството на Ред Бул.

– Јас сум дел од организација која е уникатна, иновативна и гледа напред. Воодушевен сум – додаде Клоп.

Извршниот директор за корпоративни проекти и инвестиции во Ред Бул, Оливер Минклиф изјави дека назначувањето на Клоп е најголемата вест во историјата на фудбалот на компанијата.

– Клоп е една од најголемите и највлијателните фигури во светскиот фудбал, со извонредни вештини и харизма – додаде Минклиф.

Слични содржини