Првите зборови на Шекеринска откако беше објавено дека е назначена за втор човек на НАТО

од Nikola Popovski
107 прегледи

Поранешната министерка Радмила Шекеринска се огласи на социјалните мрежи откако беше објавено дека е назначена за втор човек на НАТО алијансата. Преку објава на социјална мрежа „Х“, Шекеринска порача:

„Ќе ми биде привилегија да служам како заменик-генерален секретар на НАТО. Посветена сум да работам со сојузниците кон уште посилна и побезбедна Алијанса“.

Првиот човек на НАТО, Марк Руте, како што се наведува во соопштението на НАТО, оценува дека Шекеринска навистина верува во Алијансата и знае што значи да се биде полноправна членка на Алијансата.

„Задоволство ми е да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа навистина верува во НАТО, знае колку напор е потребен за да се стане членка на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работиме со неа додека ја презема оваа витална улога“, порачал генералниот секретар на најголемата воена организација.

Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана, вклучително и во периодот на претпристапувањето и пристапувањето на земјава во НАТО алијансата во 2020 година.

Таа ќе ја преземе функцијата на крајот на годината, се вели во соопштението на НАТО.

Слични содржини