284
Поради физички напад на полициски службеник на ул.„Финска” во Скопје, на 29.04.2021 околу 12.30 часот приведен е насилник. Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.П.(57) од Скопје, затоа што физички нападнал нивни колега кој извршувал службени дејствија.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.