Прво јавно појавување на Герасимов по бунтот на Пригожин (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Русија, Валериј Герасимов, нареди командата на Обединетите сили да организира систематска работа со која ќе ги утврди складиштата и локациите за лансирање на украинскиот ракетен систем С-200 и слично оружје, со цел на превентивно делување, соопшти денеска руското министерство за одбрана.

Герасимов го слушаше извештајот на началникот на Генералштабот на Воздухопловните сили (ВКС) Виктор Афзалов за уништувањето на четири украински балистички ракети, соопшти министерството за одбрана.

На каналот на Телеграм на руското министерство беше објавено видео на кое Герасимов слуша извештај, што е негово прво појавување во јавноста по бунтот на приватната воена компанија „Вагнер“ на 24 јуни, пренесе „Ројтерс“.

Според руската страна, украинската армија истрелала проектили од системот С-200 кон мостот на Крим.

Според министерството, Герасимов дал и инструкции што поскоро да се преземат дополнителни мерки со цел да се зголеми заштитата од воздушни напади, пренесе ТАСС.

На 9 јули, Киев неуспешно се обиде да ги нападне регионите на Крим, Ростов и Калушка со противвоздушни ракети С-200, претворени во офанзивна верзија, се вели во соопштението на руското министерство.

Наведено е дека руските системи за противвоздушна одбрана уништиле две украински ракети С-200 во нападот на Крим и регионите на Ростов и Калуга, а со електронско војување биле оневозможени уште две проектили, така што немало жртви или оштетувања.

Афзалов рече дека Киев употребил три ракети С-200 во неделата за да го нападне мостот на Крим.

„Три проектили, кои беа насочени кон транспортниот коридор Керч и воздушната писта Морозовск, беа соборени од противвоздушни сили. Немаше жртви и материјална штета“, изјави Афзалов.

Слични содржини