
Шеесет и тригодишен маж е убиен на Филипините, откако се заканил со срп на полицајци на пункт, формиран поради епидемијата на коронавирус, соопштија официјални лица од градот Насипит, соопшти полицијата.
„Осомничениот бил предупреден од локален здравствен работник дека не носи заштитна маска. Но, тој се налутил и почна да го навредува, за на крајот да ги нападне присутните со својот срп“, се вели во полицискиот извештај.
Полицаецот кој првично се обидел да го смири напаѓачот на крајот го застрелал.
Ова е прв пријавен случај во кој полицаец пука кон цивил за неисполнување на воведените мерки за да се спречи ширењето на вирусот.