Прво злато за Филипините: Државата чести 550.000 евра и куќа!

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Филипините го зедоа првото национално олимписко злато рано утрово по средноевропско време, а најсветлиот медал ќе блесне на градите на вработена во воздухоплоство! И на кој начин – со поставување на нов олимписки рекорд со комбинирани 224 килограми.

Хидилин Дијаз живее во егзил во Малезија последната година и пол поради пандемијата на коронавирус, каде тренираше и се подготвуваше за најголемиот натпревар. Откако го освои златниот медал во конкуренција до 55 килограми, емоциите ја преплавија и солзите не изостанаа.

До златото стигна на последното кревање, кога го сруши личниот рекорд за да го прескокне сегашниот светски рекордер Лиао Џиујун од Кина. Таа крена комбинирано килограм помалку од првата конкурентка..

Хидилин Дијаз го зеде вториот медал во исто толку учества на олимписките турнири, откако пред пет години во Рио, во конкуренција до 53 килограми, го зеде среброто, со што и го донесе првиот медал на нацијата по 20 години чекање.

Според „Блумберг“, Владата на Филипините богато ја наградила Хидилин Дијаз за историскиот успех во Токио. Имено, на нејзината сметка ќе пристигнат 33.000.000 пезоси, што е еквивалентно на 550.000 евра, плус куќа!

Филипините првпат влегоа на Олимписките игри во 1924 година, кога Давид Непомусено се натпреваруваше на 100 и 200 метри. Златото на Хидилин Дијаз е само 11-то во историјата на таа земја.

Ова е дефинитивно една од најубавите приказни на овогодинешниот олимписки турнир.

Слични содржини