Првото бебе во 2021 година се роди една минута по полноќ

од Берта Китинска
282 прегледи

Првото бебе родено во 2021 година е машко, родено една минута по полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Бебето е тешко 3 килограми и 650 грама и долго 51 сантиметар. Мајка е Бојана Смилеска од Скопје и ова е нејзино второ дете.

Бебето денеска ќе го посети министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со директорката на Клиниката ќе дадат изјави за медиумите.

Слични содржини