Првото бебе во 2024 во Куманово е машко

од Nikola Popovski
366 прегледи

Првото бебе родено во 2024 година во Куманово е машко, информираат од Општата болница во Куманово.

Како што додаваат, второто дете на Назлије Јусуфова на свет го донела во 3 часот и 30 минути на 1-ви јануари на акушерското одделение во кумановската болница.

-Менаџерскиот тим на болницата, за првпат обезбеди и подарок за мајката, покрај оној за новороденото, затоа што сметаме дека мајката има многу важна улога во целокупниот процес на бременост, раѓање и чување на децата. Посакуваме вкупниот број на раѓања во годината што е пред нас да биде двојно поголем, велат од Болницата во Куманово.

Слични содржини