36
17-годишниот парагвајски лев бек Диего Леон пристигна во Манчестер на медицински прегледи со Јунајтед. Потоа се очекува клубот официјално да го објави своето прво засилување под Рубен Аморим на „Олд Трафорд“. Информациите се од профилот на Фабрицио Романо.
Младиот лев бек ќе се приклучи од парагвајскиот Серо Портењо.
Раководството на Манчестер Јунајтед се согласи да плати трансферна сума од 4 милиони долари плус до 4,5 милиони долари во бонуси.
Откако ќе се направат тестовите и ќе се потпише договорот, тинејџерот ќе се врати во Парагвај. Младиот фудбалер ќе може да се врати во Англија дури во јули 2025 година за да започне тренинзи со првиот тим.
Потпишувањето со Диего Леон е дел од долгорочната трансфер визија на клубот.