Психијатар укажа на вообичаена грешка која многумина ја прават кога ќе се разбудат

од Stefanija Kuzmanovska
439 прегледи

Ако сакате да спиете подобро и да се одморите, треба да избегнувате неколку работи.

Знаеме дека квалитетот на сонот може да го наруши тешката храна, алкохолот, користењето мобилни телефони и гледањето телевизија во спалната соба. Но, психијатарот Честер Ву тврди дека има една грешка која многу луѓе ја прават кога ќе се разбудат.

„Лежењето е голема бариера за добриот сон“, вели д-р Ву. Тој истакна дека никогаш не лежи во кревет, освен ако не се работи за активности поврзани со спиење и интимност.

Неврологот Челзи Роршаиб се согласува со неговото мислење. Таа вели дека штом се разбуди веднаш станува од кревет.

„На тој начин мојот мозок разбира дека спалната соба е само место за одмор, што промовира квалитетен сон“, објасни таа.

Експертот за спиење Карлера Вајс ги објасни лошите страни на излежувањето во кревет по будењето.

„Редовното време на будење му помага на биолошкиот часовник да ги регулира физиолошките функции, а не само сонот. Спиењето до подоцна за време на викендите предизвикува тешкотии во концентрацијата, замор, раздразливост и главоболки“, тврди тој.

Слични содржини