Анксиозноста е вообичаен одговор на стресот и може да биде корисна во некои ситуации.
Како што објаснуваат лекарите за Best Life, таа може да не предупреди за потенцијална опасност и на тој начин да нè „држи на прсти“. Сепак, експерти велат дека постојат одредени навики кои можат да нè направат анксиозни кога воопшто нема закана за нашата безбедност.
Како што наведуваат, анксиозноста може да предизвика бројни здравствени проблеми доколку се јавува премногу често или без оправдани причини, а една од најчестите навики кои придонесуваат за нејзино создавање е проверувањето на мобилниот телефон веднаш по будењето.
Психологот Ејми Мезулис тврди дека ваквото однесување ни го започнува денот со „бомбардирање“ на нашиот мозок со различни информации, предизвикувајќи ни да се чувствуваме вознемирени за сè што треба да направиме во текот на денот.
„И сето ова пред да имаме шанса да дозволиме нашиот ум и тело да се разбуди. Сите тие објави на социјалните мрежи, бомбастични вести или мејлови ќе ги има и за 20 минути, по утринското истегнување и шолја кафе“, нагласува таа.