Психолог тврди дека има 8 типа на луѓе во љубовни врски. Кои сте вие?

од Stefanija Kuzmanovska

Психологот Карен Нимо тврди дека постојат осум типа на луѓе кога станува збор за љубовните врски и дека сите припаѓаме на еден од тие типови. Исто така, Карен вели дека ова може да утврди зошто некои луѓе секогаш имаат исти проблеми во врската.

„Тоа е сплет од нашата биологија, темперамент, емоционална историја, искуства и повратни информации што ни ги испраќа светот. И, се разбира, никој не е исклучиво еден вид. Луѓето не се апсолутни, додека еден тип доминира, сите ние се прелеваме преку рабовите во други категории“, напиша таа во својот текст за „Медиум“.

Ова се осумте видови на однесување во односите за кои таа зборува:

Избегнувач

Избегнувачите се луѓе кои се борат целосно да се посветат на некоја личност до тој степен што „ќе ја држат едната нога надвор“ во каква било врска и никогаш нема да му дадат на својот партнер 100 проценти од себе. Потребна им е дополнителна поддршка и дополнително уверување во љубовта затоа што биле предадени во претходните врски. Тие можеби никогаш нема да бидат подготвени да се посветат целосно и можат да останат во долги врски само ако им ветите дека „вратата секогаш ќе биде малку подотворена“.

Оној што задоволува

Тие се многу љубезни и ги ставаат своите најблиски пред себе и своите потреби во сите ситуации. Тој ќе ги жртвува своите соништа ако тоа значи дека ќе ги направи другите среќни. Тие треба да научат да се ставаат на прво место затоа што во спротивно по некое време во врска може да почнат да се чувствуваат исцрпено или незадоволно.

Загрижен тип

Тие секогаш ќе размислуваат за можни проблеми што можат да се појават во иднина. Несигурноста е нивниот најголем непријател. Но, и покрај ова, тие можат да бидат изненадувачки еластични во криза затоа што добро функционираат под притисок. Оние кои се во врска со „загрижен тип“ ќе мора да научат да им обезбедуваат безбедност на тие луѓе. Исто така, „загрижените“ сакаат да ги имаат работите во свои раце, па најверојатно ќе планираат многу во врската.

Сидро

Тие се совршени партнери. Тие се втемелени и зрели и подготвени за дискусија и компромис. Тие се независни, но не се ладни и лесно ги разбираат причините на другата страна. Врските со нив се многу едноставни, но важно е да не ги земате здраво за готово затоа што во тој случај лесно заминуваат.

Оној што поддржува

Ако вашиот партнер ве опише како „негова карпа“, тогаш вие сте овој тип. Овие се мирни луѓе на кои секогаш можете да сметате кога ќе се појават проблеми во животот. Проблемот со овој тип на луѓе може да биде во тоа што им е тешко да ги изразат своите грижи или емоции.

Солист

Тие се многу независни и им треба многу време за себе. Тие сакаат да поминуваат време сами со своите пријатели и сакаат да се посветат на своето хоби. Сами. Врската со нив може да биде проблем за луѓето кои очекуваат целосна заедница од врската бидејќи солистите не знаат како да ја обезбедат. Ако сте солист, понекогаш мора да се прилагодите на вашиот партнер и неговите потреби, а ако сте во врска со солист, тогаш ќе мора да инсистирате на време заедно.

Контролор

Тие мораат да ја контролираат секоја ситуација, а исто така и односот. Проблемот со нив е што тие често знаат да манипулираат со својот партнер и неговите одлуки. Односите со контролорите честопати можат да станат нездрави и многу манипулативни. Карен ве советува внимателно да размислите за односите со вакви луѓе.

Камелеон

Камелеоните се најтешки за дефинирање. Тие немаат одреден вид на однесување, но тоа варира во врска со нивните емоции или расположение во тој момент. Ова може да биде проблематично во врските затоа што никогаш не знаете како во која ситуација ќе реагира овој тип на личност. „Бидете внимателни со нив“, предупредува Карен.

Слични содржини