Психолошки последици од Ковид 19: Секој трети излечен пациент е анксиозен или депресивен

368 прегледи

Секој трети преживеан пациент од Ковид 19, шест месеци по третманот, му е дијагностицирано невролошко или психијатриско нарушување, според студијата во која учествувале повеќе од 230.000 испитаници, претежно од Америка.

Според стручното списание „Лансет психијатрија“, по пандемијата, како последица се очекува зголемување на невролошки и психијатриски пациенти. Најчестите психијатриски нарушувања што се јавуваат се анксиозност и депресија, иако на научниците не им е јасно како овие нарушувања се поврзани со вирусот.

Во новото истражување, научниците ќе го бараат одговорот зошто се појавуваат овие нарушувања.

Слични содржини