Виртуелните мрежи провоцираат форми на социјални аномалии, коментираат за БТА психолози.
“Споделувањето што е основна човечка потреба, ни помага во растењето, но може да се претвори во социјална перверзија преку виртуелните мрежи”, рече психологот Светлана Димитрова.
Според неа главното прашање е како споделуваме, како бараме и даваме помош и што не тера да веруваме она што сме го преживеале. Паралелно со ова се поставува прашањето каде е нашата потреба да се загубиме во толпата, коментира експертот.
Споделувањето на случка е личен чин, но кога се прави во социо-јавен простор, настанува конфликт дали е коректно да се прави тоа, коментира психологот.
“Јавното докажување е поврзано со потребата да не забележат, да реагираат луѓето на она што го доживуваме. Од потребата да споделуваме со останатиот свет се појавуваат морално-етичките конфликти – дали таквото однесување е социјална форма на воајерство, егзебиционизам и друго. Кога зборуваме јавно за себе во анонимноста на социјалната толпа, тоа е форма на социјална аномалија “, категоричен е експертот.
Според Димитрова таквото однесување не останува без последици и тие можат да бидат во многу екстремни форми, меѓу кои губењето на сопственото Јас, на физичките простори, длабоко тонење во искривена реалност, губејќи ја сликата или перцепциите на надворешната реалност.
Психо-социјалниот егзебиционизам раѓа и социјална воајерство
За последните десет години луѓето стануваат се пооткриени во социјалните мрежи, следејќи го правилото – на странец можеш се да доверип, се развиваат сите фантазии, што почнува да се граничи со перверзија, покажуваат истражувањата на психологот.
Според Димитрова во оваа форма на експресија човек лесно тоне во безсрамно закоравено изразување на себе. Тоа влијае деструктивно на споделувачот, бидејќи социјалните мрежи не се доволно заштитени и човекот станува ранлив во оваа средина.
Џо Бајден иден претседател на САД: “Лолита експрес” го определува претседателот, но и Путин да го избере наследникот на Обама!?
Според зборовите на Димитрова, за да преживееме, треба да ја истражиме формата на доверба, а тоа се наложува поради анонимноста која бара граници во доверителноста, прифаќање на пријатели, за да можеме да го заштитиме нашиот интимен свет, бидејќи разголувањето на душата на Facebook е рамно да тргнеме голи по улицата.
Психо-социјалниот егзебиционизам раѓа и социјално воајерство која е другата форма на деструктивно однесување поради социјалните мрежи, смета експертот.
Треба да сме сензитивни кон социјалната реалност – круг пријатели, колеги, партнери, бидејќи надворешниот свет е проекција на внатрешниот свет. Личната граница – што ќе ја споделиме или не, секогаш се развива врз основа на дијалогот помеѓу внатрешната реалност и надворешната социјална суштина, истакна психологот.
Facebook е виртуелен простор и е дел од социјалната реалност во однос на надворешното функционирање, но во најголем степен тој е дел од виртуелната реалност која е во корелација со внатрешната фантазија. Така лесно се губат границите и се прима искривување на тоа каде стои човекот и како реагира општеството, коментира психологот.
Споделувањето на социјалните мрежи крие ризици да подпаднеш во своевидна хедонистички мелница
Споделувањето на социјалните мрежи крие ризици да попаднеш во една своевидна хедонистички мелница, коментира психологот Маргарита Бакрачева. Забележан е феномен – многу брзо се менува толеранцијата – ако денес поделиш нешто за да бидеш на ист начин среќен, утре треба да поделиш нешто повеќе, за да добиеш повеќе допаѓања од вчерашните, објасни Бакрачева.
Според зборовите на психологот така во сајбер- просторот треба се повеќе и повеќе стимулации за да се задржи ова ниво на задоволство што сме го имале. Единствената опција е човек да си постави граници – да не се подлегне на оваа хедонистички мелница,туку да се обрнува внимание на она што го има – дека уживањето од вчера е логично да се ужива и денес, и утре, а не да се стреми само кон квантитативна акумулација.
За Бакрачева кај секој кај нас има желба да се покаже, да пројави некоја форма на егзебиционизам во помала или во поголема мера. Психологот раскажа дека неодамна во САД истражувачи направиле листа на различни степени на “селфизам” – фреквенцијата со која луѓето уживаат во сликите на Facebook. Научниците се поврзале се некои од категориите со избезумените стремежи на луѓето да бидат допаднати од една страна, и надминување на чувството на осаменост и изолација од друга, што е веќе надвор од нормата на социјално однесување.
Според Бакрачева за споделување приватни работи јавно на социјалните мрежи веројатно нема долгорочни последици, бидејќи “секое чудо е за три дена”.
За луѓе сепак, кои учествуваат без желба во раскажаната на Facebook случка, може да има сериозни повреди, бидејќи објавувањето на личната приказна иво медиумскиот простор ги носи во центарот на вниманието понекогаш и без да имаат таква желба. А кога станува збор за прашање на отфрлање, тоа може да има подолг трауматизирачки ефект. Психологот изрази надеж дека личните особености на луѓето можат да бидат такви што последиците нема да не се случат.
Социјалните мрежи носат и задоволство
Бакрачева издвојува и позитивните страни на социјалните мрежи. Според неа, една од најубавите страни е дека ни даваат свесно чувство дека имаме некаква контрола – со притискање на копчето и иако е виртуелно, добиваме задоволство на ментални потреби – повеќе во однос на количината, а не квалитетот, но сепак задоволство .
Во последната година се забележува дека луѓето делат такви работи кои предизвикуваат насмевка кај другите и овој тренд доминира над негативните мислења.
Студентите често велат дека социјалните мрежи се нивниот медиум кој тие самите го прават и имаат чувство на контрола. Контрола е прилично ограничена, бидејќи се работи со подготвено содржина, но младите гледаат дека тие сами градат свој медиум на начин на кој ги задоволува – ги филтрираат, селектираат информациите во зависност на негативното или позитивното во животот и во покривањето.
Бакрачева советува дека во различни периоди човек да си обрнува внимание од кој степен на себе отркивање има потреба, а не да го следи она што вообичаено го опишува однесувањето на потрошувачите – луѓето не размислуваат за потребите кои го имаат и престојуваат махинално долго време во мрежите.
