ПСЖ бега од „Паркот на принцовите“ и гради стадион со 90.000 седишта – ќе чини милијарда евра

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Пари Сен Жермен долго време се обидува да поседува дом, но париските власти немаат намера да го продаваат стадионот „Паркот на принцовите“.

Затоа „Светците“ решија да изградат нов стадион во истиот град, но во различен дел од градот и се подготвени да инвестираат астрономски милијарда евра.

Катарските сопственици се уморни од преговорите за купување на стадионот на кој играат моментално и наскоро ќе ја објават својата намера да изградат нов објект во Маси, јужниот дел на Париз на 15 километри од центарот.

Парижани, наводно, веќе добиле локално одобрение да започнат со работа на сеопфатен фудбалски, забавен и угостителски комплекс. Тоа би вклучувало хотел, комерцијални услуги, простор за организирање музички концерти и други нефудбалски настани.

ПСЖ верува дека помодерен дом тројно ќе ги зголеми приходите, ќе обезбеди подобар комфор за навивачите и ќе стане еден од ретките клубови во Европа со такви услови. Значи сето тоа би чинело околу милијарда евра.

Клупските челници ќе излезат со сите детали до крајот на сезоната, но нема сомнеж дека тоа ќе биде вселенски брод и дополнителен доказ во кој правец се движи ПСЖ, клуб со огромен потенцијал.

Слични содржини