Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи демантираше дека клубот е во преговори за доведување на Зинедин Зидан на тренерската позиција.
Ал Келаифи на маргините на доделувањето на Златната топка во Париз, одржана во понеделникот, изјави дека „ПСЖ немал контакти со Зидан, кој е врвен тренер и дека го поддржува актуелниот тренер на тимот, Маурицио Почетино“.
Француските медиуми минатата недела објавија за средбата меѓу Зидан и челниците на ПСЖ во престижниот хотел во Париз.
Зидан во мај го заврши вториот мандат на клупата на Реал Мадрид, а со тој клуб во првиот престој освои три последователни титули во Лигата на шампионите.
Тренерот на ПСЖ, Почетино, минатата недела беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед.
Англискиот клуб вчера го назначи Ралф Рангник за привремен тренер.