ПСЖ демантираше дека понудиле 250 милиони евра за Јамал

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Пари Сен Жермен ги демантираше гласините во шпанските медиуми дека во текот на летото и дале понуда на Барселона од 250 милиони евра за младиот талент на тимот Ламин Јамал.

Информацијата се појави по интервјуто на Енрике Масип, советник на претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта.

Француското издание L’Équipe објави, повикувајќи се на свои извори, дека таква понуда не била дадена. Според меморандумот, ПСЖ немал можност да даде таква понуда во текот на летото, бидејќи не можел да си ја дозволи таа сума.

Спортскиот советник Луис Кампос побара информации за време на прозорецот за ситуацијата на играчот, но тоа не е невообичаено, објави L’Équipe.

Слични содржини