Иако претседателот на УЕФА, Александар Чеферин во текот на денот изјави дека тековната сезона во Лигата на шампионите ќе заврши во нормален тек, членот на Извршниот одбор на Европската куќа на фудбалот, Јеспер Мелер, бара исфрлање на полуфиналистите кои ја основаа суперлигата во меѓувреме!
Во интервју за данските медиуми, Мелер истакна дека УЕФА ќе одржи нов состанок во петок и дека очекува Челзи, Реал и Манчестер Сити да бидат елиминирани од ова натпреварување.
– Клубовите мора да бидат исфрлени. Очекувам тоа да се случи во петок. И тогаш мора да најдеме начин да ја завршиме оваа сезона во Лигата на шампионите – рече Мелер, кој, патем, е претседател на данската федерација.
Доколку споменатите три клуба бидат исфрлени, тоа може да значи дека ПСЖ ќе стане нов европски шампион во петок. Иако тоа дефинитивно би било преседан …
Што се однесува до Пари Сен Жермен, тие во моментов одбија да влезат во Суперлигата, а нивниот претседател Насер Ел Келаифи изјави дека ќе даде се од себе за УЕФА да излезе од оваа ситуација како победници.
Покрај ПСЖ, Баерн, Дортмунд, Лајпциг, Порто и Лион ја одбија поканата за учество во Суперлигата.