ПСЖ ги разочара навивачите: Го продадоа Мбапе, па ја затворија чешмата…

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Тренерот на Пари Сен Жермен (ПСЖ) Луис Енрике денеска изјави дека фудбалскиот клуб нема да има преголеми трошоци до крајот на трансфер сезоната, која истекува на 30 август, и додаде дека клубот нема итна потреба од играч, но останува внимателен за отворените можности.

„Претседателот, (спортски советник) Луис Кампос и јас сме отворени до крај да го подобриме тимот, но многу е тешко да се регрутираат играчи кои би биле засилувања“, рече Енрике на прес-конференција во седиштето на клубот во Поаси, во близина на Париз.

Енрике изјави дека нема приоритети бидејќи ПСЖ е тим кој бил шампион.

„Набљудуваме дали некој играч ќе се појави по нормална цена, но нема да правиме преголеми трошоци“, изјави тренерот на ПСЖ.

Во клубот пристигнаа 4 играчи ова лето – младиот офанзивен играч за врска Дезире Дуе, играчот од средниот ред Жоао Невеш, дефанзивецот Вилијан Пачо и голманот Матвеј Сафонов.

Слични содржини