ПСЖ гледа кон Нико Вилијамс

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Пари Сен Жермен е заинтересиран за крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, пренесуваат „Атлетик“ и „Марка“.

Како што е познато, европскиот шампион со Шпанија е блиску до преселба во Барселона, но овој трансфер доцни бидејќи Каталонците прво мора да се погрижат да имаат финансиски средства да ја активираат откупната клаузула на играчот, која е во износ од 58 милиони евра.

Ова му дава надеж на ПСЖ дека сепак може да победи во трката за 22-годишниот фудбалер.

Клубот бара соодветна замена за Килијан Мбапе кој се пресели во Реал Мадрид. Францускиот шампион веќе направи обид да го ангажира Ламине Јамал, но наиде на категорично одбивање од Барса.

Истата ситуација беше и со Хвица Кварацелија од Наполи.

Во последните денови, пак, пред парижаните се појави уште една опција, а тоа е Џејден Санчо од Манчестер Јунајтед.

Слични содржини