ПСЖ го договори првото ново засилување

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Пари Сен Жермен го договори првото ново засилување за следната сезона, објави Фабрицио Романо.

Станува збор за играчот за врска на Порто, Витиња, за кого францускиот шампион ќе плати 40 милиони евра.

Се очекува 22-годишниот фудбалер да добие договор на пет сезони. Тој беше приоритетна цел на новиот директор Луис Кампос да го засили средниот ред на ПСЖ.

Младиот играч на Порто во изминатата кампања одигра 47 натпревари на сите турнири, постигнувајќи 4 гола и 5 асистенции.

Витиња има искуство и во Премиер лигата каде во сезоната 2020/21 го носеше дресот на Вулверхемптон. Од оваа година тој е репрезентативец на Португалија, а веќе одигра три натпревари за тимот.

Слични содржини