ПСЖ го „ограбува“ Јуве: Ги сака Дибала и Алегри

од Vladimir Zorba
164 прегледи

ПСЖ ќе се обиде да се засили со две од најважните фигури на италијанскиот хегемон Јувентус – тренерот Макс Алегри и напаѓачот Паоло Дибала.

Според „La Gazzetta dello Sport“ тактичарот од Ливорно е еден од главните кандидати за заменик на Унаи Емери, кој е сигурен патник по крајот на сезоната поради елиминацијата од Реал Мадрид во 1/8-финалето во Лигата на шампиони, со вкупен резултат 1:5.

Алегри има договор со „бјанконерите“ до 2020 година и во моментов нема индикации дека сака да ги напушти. Останатите споменува имиња за нов тренер на ПСЖ се менаџерот на Челзи, Антонио Конте и Луис Енрике, кој во моментов е слободен.

Во исто време „Calciomercato“ пишува дека ПСЖ и Реал Мадрид покажуваат сериозен интерес за бисерот на „Старата Дама“ Паоло Дибала. Според информациите, француските богаташи ќе се насочат кон Аргентинецот при продажба на Нејмар на „Сантијаго Бернабеу“. Ако не дојде до сличен трансфер, тогаш „кралскиот клуб“ ќе направи обид да го привлече офанзивниот фудбалер.

Изданието пријави уште дека Јуве е подготвен да ги ислуша предлозите за Дибала и да го продаде при поволна понуда. Оваа сезона, 24-годишниот фудбалер има 21 гол во сите турнири.

Слични содржини