ПСЖ го продолжи договорот со Ди Марија, се чекаат уште два големи потписи

од Vladimir Zorba

АНХЕЛ ДИ МАРИЈА го продолжи договорот со Пари Сен Жермен на уште една година, потврди францускиот клуб.

Неговиот договор истекува ова лето и тој сега се согласи да ја продолжи соработката со францускиот шампион до крајот на јуни 2022 година. Договорот содржи опција да се продолжи за уште една година.

Ди Марија пристигна во клубот во август 2015 година за 63 милиони евра од Манчестер Јунајтед. Одигра 248 натпревари за ПСЖ, постигна 87 гола и подели 99 асистенции.

Со овој клуб освои дури 16 трофеи, од кои четири шампионски титули во Франција.

Аргентинецот е близу до клупскиот рекорд во сопственост на легендата Сафет Сушиќ. Поранешниот тренер на БиХ запиша 103 асистенции играјќи за ПСЖ.

Сега останува на клубот да ги затвори договорите со најголемите две sвезди, имено Нејмар и Килијан Мбапе. На двајцата им истекува договорот летото 2022 година.

Слични содржини