ПСЖ и Наполи постигнаа вербален договор за трансферната сума на Кварацхелија

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Директорите на Наполи и Пари Сен Жермен постигнале вербален договор за сумата за трансфер на грузискиот репрезентативец Хвича Кварацхелија, објавија повеќе италијански медиуми, меѓу кои и весникот Газета дело спорт.

Самиот Кварацхелија е подготвен да им се приклучи на парижаните и веќе ги договорил личните услови со Пари Сен Жермен. Се очекува зделката за неговиот трансфер од Наполи да биде финализирана за сума од 75 милиони евра.

Останува само одобрение од сопствениците на двата клуба.

Хвича Кварацхелија на 19 натпревари за Наполи оваа сезона постигна пет гола и направи три асистенции.

Тој му се приклучи на клубот од Наполи за само 13 милиони евра од Динамо Батуми во летото 2022 година, придонесувајќи за првата титула на Наполи во Серија А по 33 години во сезоната 2022/2023.

Слични содржини