ПСЖ ќе избрка 10 играчи поради Меси

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Пари Сен Жермен ангажираше страшни засилувања ова лето. Ашраф Хакими пристигна од Интер за 60 милиони евра, додека Лео Меси, Серхио Рамос, Џини Вајналдум и Џанлуиџи Донарума беа донесени без надомест, само за големи плати, што значи дека се апсолутни фаворити за сите трофеи …на хартија.

И додека газдата на клубот, Насер Ел-Келаифи, уверува дека нема да има потешкотии со финансискиот фер-плеј, на сите им е јасно дека ПСЖ ќе мора да се ослободи од „вишокот“ за да заработи нешто летово.

Според добро информираниот „Атлетик“, Пари Сен Жермен одлучи да продаде дури десет играчи до крајот на летото.

Со оглед на тоа што буџетот за плати сега надмина 300 милиони евра, и дека е многу тешко да се направи простор за Меси, Нејмар и Мбапе, Пари Сен Жермен ги стави фудбалерите во прозорецот од кој може да заработи солидни пари и со тоа да ја покрие „дупката“ создадена со доведување на ѕвездата.

Ова значи дека Тило Керер, Абду Диало, Рафиња, Идриса Геј, Мауро Икарди, Андер Ерера, Серхио Рико, Алфонс Ареола, Левин Курзава и Пабло Сарабија се слободни да изберат нова средина.

Секако, прашањето е колку ПСЖ може да заработи на овие играчи, тие дефинитивно не се „крем на фудбалот“ и сигурно ќе можат да добијат помалку за нив отколку што вредат во моментов на пазарот, но за клубот од Париз е моментално доволно да се ослободи од нивните плати и од предупредување на УЕФА.

Само Мауро Икарди заработува 10 милиони евра годишно …

Слични содржини