ПСЖ мора да заработи 100 милиони за да избегне казна, ова се играчите кои си заминуваат

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Пари Сен Жермен мора да заработи 100 милиони евра во зимскиот преоден рок за да ги почитува правилата на финансискиот фер-плеј и на тој начин да избегне казна, пренесуваат француските медиуми.

Како што се наведува, најголемото име кое би можело да го напушти Париз е Мауро Икарди. Аргентинскиот напаѓач е желба на торински Јувентус. Рафиња оди на позајмица во Реал Сосиедад, а француската престолнина ќе ја напуштат и Јулијан Дракслер, Абду Диало, Тило Керер, Лавин Курзава и Серхио Рико.

Од друга страна, ПСЖ сака да го задржи десниот бек Нунo Мендеш, кој оваа сезона настапува како позајмен играч за Спортинг Лисабон во Париз.

Беше наведено и дека италијанските клубови се најзаинтересирани за фудбалерите на Пари Сен Жермен, кои сакаат да ја искористат моменталната ситуација и да донесат квалитетни играчи за малку пари.

Слични содржини