ПСЖ му дава последна шанса на Почетино, а потоа се врти кон Гвардиола

од Vladimir Zorba
352 прегледи

Маурицио Почетино може да ја задржи функцијата на чело на Пари Сен Жермен.

„Екип“ тврди дека газдите на клубот не сакаат повеќе да грешат при изборот на тренер, а и да му угодат на ѕвездата Килијан Мбапе, кој пред неколку дена го продолжи договорот до 2025 година.

Раководството на ПСЖ имаше голема желба да го доведе Зинедин Зидан на „Паркот на принцовите“, но во оваа фаза тоа се покажа како невозможно. Следна цел е привлекување на Пеп Гвардиола. Идејата е тој да го преземе тимот во 2023 година, кога му истекува договорот со Манчестер Сити. Дотогаш, на Почетино ќе му се даде можност да ја продолжи работата, а една од причините е што одлично се сложува со Мбапе.

Според Екип, Мбапе нема да има толкава моќ како што се зборуваше последните денови, но секако ќе тежи неговото мислење за тоа кој треба да биде тренер на тимот. А самиот напаѓач изјави дека има одлични односи со Почетино и неговите зборови се толкуваат како сигнал до клубот дека Аргентинецот мора да остане.

Слични содржини