ПСЖ му нуди на Тоби 200.000 фунти неделно

од Vladimir Zorba
193 прегледи

ПСЖ е подготвен да ги исполни барањата на Тоби Алдерверелд и да му плаќа по околу 200.000 фунти неделно, за да игра во Париз, пишува „Дејли Меил“.

Белгискиот дефанзивец не може да се разбере со Тотенхем за нов договор и е многу веројатно да го напушти тимто во текот на летото, особено кога знае дека „принцовите“ ќе му плаќаат по 10 милиони фунти годишно.

Фудбалерот сака да добива речиси двојно повеќе отколку што е максималниот надомест при Тотенхем во моментов а освен тоа неговата желба е да добие договор за 5 години, со што тимот од Лондон не се согласува, бидејќи веќе има 29 години.

Манчестер Јунајтед исто ја следи ситуацијата, но во таква ситуација шансите на ПСЖ се многу добри предвид условите кои ПСЖ се подготвени да му ги понудат на Тоби.

Слични содржини