Трансферот на Килијан Мбапе во Реал од Мадрид е прашање на денови, а челниците на Пари Сен Жермен не сакаат да седат и да чекаат развој на ситуацијата, па веќе се знае кој би можел да го замени во „градот на светлината“. Голема желба е Виктор Осимен, ѕвездата на Наполи и еден од најдобрите напаѓачи во Европа.
Како што пренесува италијанскиот весник „Ил Матино“, овојпат ПСЖ сериозно е „загреан“ за Осимен, со кого претходните години беше поврзуван во неколку наврати.
Осимен треба да ги чини „Светците“ околу 120 милиони евра. Наводно, нигерискиот напаѓач ги прифатил условите на тимот од Франција, а ПСЖ во наредните денови треба да испрати гаранции до Наполи дека ќе ја активира откупната клаузула која би му овозможила на Нигериецот да пристигне во Франција.
Покрај ПСЖ, Осимен бил заинтересиран и за Челзи, но пресудил повикот од Франција каде треба да биде еден од водечките играчи.
Оваа сезона во Серија А, тој постигна 15 гола со четири асистенции на 28 натпревари.
Осимен во кариерата веќе настапуваше во Франција каде го носеше дресот на Лил пред да се пресели во Наполи со кој минатата сезона ја освои титулата, а претходно играше и за Шарлероа, Волфсбург…