ПСЖ одби да го привлече Роналдо

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Пари Сен Жермен не е подготвен да го ангажира напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо ова лето.

Португалецот пред десетина дена им соопшти на челниците на Јунајтед дека сака да го смени клубот, но факт е дека сега се најде во непријатна позиција.

Ниту една од опциите што ги имаше на ум не е реална, па многумина веруваат дека може да се случи тој да остане на „Олд Трафорд“.

Како што пренесе „ESPN“, во Париз не веруваат дека доаѓањето на Роналдо би имало позитивен ефект.

Кај Французите постои оправдан страв пред се како би се вклопил во тимот и секако дека неговите високи примања би биле трн во око на многу „светци“.

Пред нив, можноста да го доведе Роналдо ја отфрли и Баерн, кој веќе ги ангажираше Садио Мане и Рајан Гравенберг.

Како најблиска опција се споменуваше Челси, но тие го ангажираа Рахим Стерлинг на Стемфорд Бриџ и се обидуваат да ги доведат Серж Гнабри и Антонио.

Роналдо се уште е во Португалија откако го пропушти почетокот на подготовките на Манчестер Јунајтед поради наводни семејни проблеми.

Неизвесно е дали и кога ќе се приклучи на тимот кој веќе отпатува за Австралија.

„Црвените ѓаволи“ го победија Ливерпул со 4:0 (3:0) на првиот пријателски натпревар во Бангкок во вторникот и без Роналдо.