ПСЖ основа кошаркарски клуб и станува дел од НБА?

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Францускиот спортски гигант ПСЖ би можел да стане првиот европски клуб кој ќе игра во НБА. Според Le Parisien, сопствениците на ПСЖ, Qatar Sports Investments преговараат со НБА за вклучување или проширување на американската лига во Европа. Има две опции – катарските инвеститори би го купиле клубот Paris Basketball и би го претвориле во клуб што ќе може да се натпреварува во НБА, или би создале целосно нов клуб со седиште во Париз.

Како што напиша „Атлетик“, шефот на НБА „Адам Силвер“ има на ум уште неколку европски тимови кои би сакал да биде дел од НБА лигата. Тоа се Реал Мадрид, Барселона, Асвел Вилурбан и Фенербахче. НБА Европа е проект кој би можел да започне веќе следната година, но се уште не е дефинирано како ќе се усогласи со постоечката Евролига.

Американците тврдат дека целиот проект се одвива во договор со ФИБА. Силвер бара клубови со големи буџети, да покриваат големи трошоци и да донесат приходи во НБА. Овие приходи би биле поделени 50-50 помеѓу НБА и секој европски клуб.

Адам Силвер ги таргетира големите градови – Мадрид, Лондон, Берлин, Барселона, Рим, Милано, Истанбул, Атина и Париз, во кои би биле сместени клубови кои ќе се натпреваруваат во НБА Европа. Сопствениците на ПСЖ може да се покажат како двигатели на трендот европските тимови да се приклучуваат во НБА лигата. Постојат неколку причини зошто овој договор е најлесниот „влез“ на НБА во Европа.

Париз е огромен град и голем пазар, а ПСЖ веќе има договор со брендот Џордан, кој е специјализиран за кошаркарска опрема. Исто така, еден од најголемите таленти во лигата, Виктор Вембањама е навивач на ПСЖ, што исто така е позитивен фактор во преговорите.

Слични содржини