Пари Сен Жермен наскоро ќе има нов тренер во лицето на Кристоф Галтие, објави РТЛ. Францускиот гигант се согласи да плати 10 милиони евра обештетување на Ница за да ги обезбеди услугите на 55-годишниот стручњак.
Претходно ПСЖ им понуди на „орлите“ еден или двајца млади играчи на позајмица во замена за ослободување на Галтие, но одговорот беше не.
Галтие ја предводеше Ница до петтото место во Лига 1 минатата сезона, како и до финалето на Купот на Франција, каде загуби од Нант. Минатата година под негово водство Лил стана шампион.
Галтие ќе го замени Маурисио Почетино на чело на ПСЖ. Аргентинскиот стручњак веќе е информиран од раководството на клубот за неговиот отказ. Ќе добие оштета од 15-20 милиони евра.
Во Франција беше откриено дека Лусиен Фавр ќе го заземе местото на Галтие во Ница.