Пари Сен Жермен е подготвен да му понуди мега понуда на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба за да го убеди да се приклучи на тимот како слободен агент ова лето, пишува Дејли Меил.
Како што е познато, договорот на Погба со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот од сезоната, а играчот се уште не го обновил. Затоа парижаните ќе се обидат да го привлечат без пари, како што тоа го направија со ѕвездите Лионел Меси, Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума и Жоржино Вајналдум минатото лето.
Другите клубови за кои се вели дека се заинтересирани за францускиот репрезентативец се Јувентус, Реал Мадрид и Барселона. Изданието додава дека намерата на играчот од средниот ред е да ја донесе својата одлука дури по завршувањето на кампањата, а можно е на крајот повторно да потпише со Јунајтед и да остане на „Олд Трафорд“.