260
Во битката за дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињарќе учествува и Пари Сен Жермен, информира „Скај Спортс Италија“.
Францускиот тим подготвува првична понуда вредна 50 милиони евра за играчот, но се очекува таа брзо да биде одбиена. Медиумите во Италија тврдат дека „нероазурите“ го проценуваат Шкрињар на околу 80 милиони евра.
Досега Челси важеше за фаворит за словачкиот централен дефанзивец, особено што лондончани имаат сериозен плус – иднината на Ромелу Лукаку, чие враќање многу го посакува „Џузепе Меаца“.