Ако им се верува на шпанските медиуми, Пари Сен Жермен реши повторно да го размрда фудбалскиот пазар.
„Светците“ пред седум години и платија на Барселона рекордни 222 милиони евра за Нејмар, а сега се подготвени дополнително да ја поместат границата, бидејќи шпанскиот портал „Фихајес“ пренесува дека челниците на Пари Сен Жермен се подготвени да платат 250 милиони евра за Винисиус Јуниор.
Бразилецот е еден од најдобрите играчи на Реал во последните неколку сезони, а со Кралскиот клуб има договор до 2027 година.
Европскиот шампион подготви нов договор со Бразилецот бидејќи сака да го задржи во своите редови, но сепак Винисиус се уште се двоуми да ја прифати понудата на Реал за продолжување на соработката. Причината веројатно делумно лежи во тоа што добил понуда од Саудиска Арабија, од Ал-Ахли, кој е подготвен да плати милијарда евра за петгодишен договор, па останува да се види дали Бразилецот ќе се раздели со Лос Бланкос.