178
ПСЖ ќе се обиде да го привлече претстојново лето голманот на Милан и италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума, објавија медиумите во Франција.
Неодамна тој потпиша нов договор со „росонерите“, но ако тимот не се пласира во зона Лигата на Шампионите оваа сезона, што е сосема веројатно, тогаш тој може да биде продаден при добра понуда.
Реално, најдобрата шанса Милан да игра на турнирот на богатите е да освои Лига Европа и да биде примен во него како победник во вториот по сила турнир на Стариот континент.
Францускиот клуб не е особено задоволен од изведбата на Ареола и Трап и бара нивни заменик.
Парижаните ќе сторат сé за да го привлечат Џиџи во текот на летото, иако нема да му излезе евтино на тимот.