25
Пари Сен Жермен се обидува да се раздели со Милан Шкрињар и покрај тоа што го потпиша пред само една година. Според Foot Mercato, францускиот шампион го понудил на турските гиганти Бешикташ, Галатасарај и Фенербахче.
Словачкиот капитен минатото лето пристигна кај парижаните како слободен играч откако му истече договорот со Интер. Шкрињар (29) не успеа да го исполни својот потенцијал во клубот бидејќи повредата добиена во јануари го оддалечи голем период од втората половина од сезоната.
Самиот играч сака да остане во ПСЖ, но раководството на клубот се обидува да привлече нови дефанзивци. Парижаните за оваа цел се подготвени да се разделат со некои од актуелните, а меѓу нив е и Шкрињар. Друг дефанзивец кој би можел да замине е Норди Мукиеле.