ПСЖ со последен обид да го привлече Погба

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Пари Сен Жермен направи последен обид да го „киднапира“ Пол Погба. 29-годишниот играч од средниот ред е слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед. Досега се мислеше дека тој веќе се согласил да се врати во Јувентус, но парижаните направиле последен очајнички обид да го грабнат од рацете на тимот од Торино, тврди „Ла Република“.

ПСЖ ставил на маса прилично солиден предлог во финансиска смисла. Понудата на францускиот шампион е 13,5 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси и е многу повисока од понудата на Јуве, која е 8 милиони евра по сезона, плус уште 2 милиони бонуси.

Во моментов, сепак, нема реакција од Погба, кој поверојатно е да ја одбие понудата. 29-годишниот Французин не е убеден дека трансферот на Паркот на принцовите ќе биде добар за неговата кариера. Тој претпочита повторно да го носи дресот на Јувентус каде настапуваше во периодот од 2012 до 2016 година и таму ги помина најсилните години во неговата кариера.

Слични содржини