ПСЖ со рекордни приходи оваа сезона

од Vladimir Zorba
351 прегледи

Францускиот гигант Пари Сен Жермен ќе ја заврши сезоната со рекордни приходи, пренесе „Екип“. Според информациите, клубот од француската престолнина остварил приход од 700 милиони евра, што ги надминува бројките од прогнозираната сезона 2018/2019 година кога приходите биле 637,3 милиони евра.

Аргентинската мегаѕвезда Лионел Меси дал значаен придонес во зголемувањето на приходите. По неговото ангажирање како слободен играч, парижаните потпишаа 11 нови договори во износ од 310 милиони евра.

Освен тоа, Парижани продадоа речиси милион дресови, од кои 60 проценти на грбот го имаат името Меси. Приходите од продажба на билети се зголемија од 93 на 132 милиони евра, а се очекува растот да продолжи и следната сезона.

Слични содржини